Даниелсон: Веродостојни избори се клучни за враќање на евроатлантскиот пат

Од:

 Веродостоен изборен процес е клучен елемент за да се вратите на евроатлантскиот пат. Ги охрабрувам сите чинители и државни институции да ја поддржат работата на ДИК во прочистувањето на Избирачкиот список. Тоа ќе придонесе за враќањето на довербата на граѓаните во овој процес, речe генералниот директор на Директоратот за проширување на ЕК Кристијан Даниелсон на денешната прес-конференција во Скопје по средбите со лидерите на четирите партии потписнички на Пржинскиот договор, како и со премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев.

Како што изјави Даниелсон, одложувањето на изборите во февруари овозможи дополнително време за да се постигне напредок во оваа насока, но нагласи сепак останува уште многу работа да се заврши.

– Затоа ги повикувам сите партии и државни институции да работат заедно, со цел да се обезбедат веродостојни избори и да учествуваат во изборниот процес. Веродостоен и добар изборен процес е клучен елемент за да се вратите на патот на евроатлантскиот пат. Ги охрабрувам сите чинители и државни институции да ја поддржат работата на ДИК во прочистувањето на Избирачкиот список. Тоа ќе придонесе за враќањето на довербата на граѓаните во овој процес, рече Даниелсон.

Тој се осврна и на улогата на медиумите во изборниот процес.

– Медиумите, особено националните телевизии имаат исто така клучна улога со цел граѓаните да донесат одлука заснована на информации на денот на изборите. За таа цел потребно им е да имаат пристап до балансирано известување и различни мислења. Затоа ги поканувам сите кои ја потпишаа Повелбата на Советот за етика во новинарството да ја почитуваат и спроведат. Забележани се првични сигнали за самокритичност, односно за балансирање известување и тоа треба да се следи, рече директорот на Директоратот за проширување при ЕК.

Даниелсон воедно изрази загриженост од пријава за заплашување на гласачи. Според него, политичките партии тоа треба да го спречат, а државата таквото однесување да го санкционира.

– Граѓаните исто така имаат одговорност да пријават какво било заплашување до властите, посочи Даниелсон.

Тој го поздрави отпочнувањето на набљудувачката мисија за изборите на ОБСЕ која, вели, ќе даде вкупна проценка за изборите и додаде дека и меѓународната заедница ќе продолжи да ја следи подготовката и одржувањето на изборите.

– Ние нема да се двоумиме да говориме доколку имаме некоја загриженост, порача Даниелсон.

Специјалното јавно обвинителство, псоочи тој, е исто така значаен елемент на Договорот од Пржино. Притоа изрази загриженост за, како што рече, пријавените опструкции за неговата работа.

– Потсетуваме дека оние што експлицитно се договорија за формирањето на СЈО треба да се воздржат од напади и целосно да ја поддржат неговата улога и независност. Изборите се само еден дел од приказната. Комисијата инсистира политичкиот дијалог и идните приоритетни реформи кои го вклучуваат систематското владеење на правото, треба да се спроведат пред, за време и по изборите. Политичките лидери имаат одговорност да ги преземат потребните мерки со цел да ја вратат земјата назад на евроатлатнскиот пат.
Тоа е во интерес на земјата, на граѓаните и ЕК останува посветена да ја поддржи земјата во имплементацијата на реформите за враќање на патот кон ЕУ, рече Кристијан Даниелсон.

Тој попладнево ќе има средба и со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Македонија.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза