Сопругата на еврокомесарот за енергетика имала фиктивна компанија во Панама

Од:

Меѓу илјадниците луѓе кои се наоѓаат во објавените „Панамски документи“ се наоѓа и името на сопругата на еврокомесарот за енергетика и заштита на климата, Шпанецот Мигел Аријас Канете, која имала фиктивна компанија во Панама, што ЕК го оцени како „неважно“, објави „Дојче веле“.

Микаела Демек Солис-Бомон имала полномошно да потпишува документи за фиктивната компанија „Ринконадо инвестмент груп“ во 2005 година. Оваа фирма постоела во период кога нејзиниот сопруг бил државен функционер во Мадрид, но и кога станал еврокомесар во 2014 година.

Новинар од истражувачкиот тим, кој ги анализирал вчера објавените „Панамски документи“, го известил за ова шпанскиот еврокомесар, кој веднаш стапил во контакт со претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер и му најавил за можниот негативен публицитет со кој би можела да се соочи Комисијата.

Нема докази дека Канете и неговата сопруга се вмешани во незаконски бизниси или даночни измами, но од еврокомесарите се очекува да ги задоволат високите етички стандарди, заклучува „Дојче веле“.

Започната е истрага поради вчера објавените 11,5 милиони документи, кои откриваат дека светски богаташи, државници, функционери на ФИФА и 140 истакнати поранешни и сегашни политичари, переле пари и не плаќале данок преку панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

Силен земјотрес во Панама

Ана Ололовска

Двајца поранешни претседатели на Панама повикани на судење поради корупција

Ана Ололовска

Силен земјотрес ја погоди Панама, епицентарот 62 километри од брегот на Тихиот Океан

Панамскиот претседател соопшти дека му е дијагностицирана ретка болест на крвта

Ана Ололовска

Умерен земјотрес ја погоди Панама

Ана Ололовска