Панама ќе го истражува случајот со „Панамските документи“

Од:

Властите на Панама ќе го истражуваат случајот со „Паманските документи“ за офшор компании на територијата на земјата.

– Фактите опишани од националните и меѓународните медиуми наречени „Панамски документи“, ќе бидат предмет на истрага, се наведува во соопштението на Министерството за правда на Панама.

Властите на Велика Британија, Франција, Шведска, Норвешка и повеќе други земји побараа од новинарите копија од документите за да ги истражат и да преземат соодветни мерки во борбата против затајувањето данок.

Според главниот издавач на германскиот весник „Зидојче цајтунг“, Волфганг Крах во документите се посочени имињата на над илјада германски граѓани, кои ги користеле големите германски банки како „Дојче банк“, „Kомерцбанк“, „Хипо Ферајнсбанк“ и „Бајерише Ландесбанк“.

– Објавувањето на документите ја поттикна неопходноста од преземање решителни мерки во таа сфера, изјави генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој, Анхел Гурија.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

Силен земјотрес во Панама

Ана Ололовска

Двајца поранешни претседатели на Панама повикани на судење поради корупција

Ана Ололовска

Силен земјотрес ја погоди Панама, епицентарот 62 километри од брегот на Тихиот Океан

Панамскиот претседател соопшти дека му е дијагностицирана ретка болест на крвта

Ана Ололовска

Умерен земјотрес ја погоди Панама

Ана Ололовска