Сите земји од поранешна Југославија се споменуваат во тајните документи на панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ (Mossack Fonseca) за поседување тајни сметки во Панама, информира босанскиот весник „Дневни аваз“.
Според податоците објавени во весникот „Ајриш тајмс“, најмногу компании на списокот што доаѓаат од земјите од регионот има Словенија – 21, потоа следат Црна Гора со 13 и Хрватска со три компании.
Македонија е застапена со две фирми, Србија и Босна и Херцеговина немаат компании на списокот, но во него фигурираат тројца босански акционери, забележува весникот.