Романија се надева дека на самитот на НАТО во Варшава во јули ќе биде одобрена идејата за формирање на флота на Алијансата во Црно Море, во чиј состав ќе има украински и грузиски воени бродови, изјави денеска романскиот министер за одбрана Михња Јоан Моток.
Тој додаде дека е планирана и платформа за воени поморски вежби, кои предвидуваат постојана ротација.
– Таквата формула ќе биде отворена и за сојузниците, кои не се црноморски земји, но постојано учествуваат во воени вежби во Црно Море или се закотвуваат во пристаништата, првенствено САД. посочи Моток.
Тој наведе дека за иницијативата не разговарал со Русија.
– Имаме ограничени политички и воени контакти со Русија, но таквите иницијативи не се насочени кон никого, потенцира Моток.