Алексовска: ВМРО-ДПМНЕ работи посветено и ги реализира ветените проекти

Од:

Додека СДСМ пласира празни зборови, гола политика, непродуктивност и хаос во секој сегмент во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на подобрување на животот на нашите граѓани и реализирање на ветените проекти.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти Слободанка Алексовска, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

– Додека советниците од опозицијата се трудат беспредметно да критикуваат и да ги симнат точките од дневен ред на Советот на Град Скопје, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, разбирајќи го придонесот на проектите кон граѓаните се трудат да ги реализираат сите проекти и тие да се изгласаат и да бидат донесени во програми, рече Алексовска.

Осврнувајќи се на проектите реализаирни во изминатите седум години во Скопје, Алексовска потсети дека се проширени неколку булевари со вкупна површина од околу 18 километри. Изградени се шест нови модерни кружни текови, а реконструирани се голем број булевари и улици.

– И во моментов Скопје е големо градилиште каде на терен се реализираат инфраструктурни проекти во вредност од над 15 милиони евра. Како поважни се пробивање на булеварот „Христијан Тодоровски- Карпош“, продолжување на проширувањето на булеварите „Трета македонска бригада“ (втора фаза) и „Борис Трајковски“ (трета фаза), проширување на булеварот „АСНОМ“…рече Алексовска.

Таа истакна дека состојбата во јавните претпријатија, особено „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленила“, е целосно променета и додаде оти тие се финансиски стабилни и имаат на располагање нова и модерна механизација.

– Во соработка со Владата, набавени се 300 нови автобуси од кинеската компанија „Јутонг“, инвестиција вредна околу 60 милиони евра. Со ова комплетно се модернизира јавниот превоз, со кој скопјани добија нов, модерен и удобен јавен превоз. Паралелно со ова почна и процесот за воведување автоматска локација на автобусите на ЈСП, како и системот за електронско плаќање за што се инвестираа дополнителни 3 милиони евра, рече Алексовска. Додаде дека во Скопје се изградени нови зелени површини и додаде оти се засадени повеќе од 60.000 нови садници.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски