Првиот брод со мигранти-повратници од Грција пристигна во Турција

Од:

Првиот траект со илегални мигранти, кои согласно договорот меѓу Брисел и Анкара за надминување на бегалската криза, Грција треба да ги врати во Турција, утрово пристигна од грчкиот остров Лезбос во турското пристаниште Дикли.

Траектот „Незил Јале“ со неколку десетици мигранти утрово во 9:20 часот по локално време (8:20 часот по средноевропско време) вплови во пристаништетот во Дикли, јавија турските медиуми.

Во текот на денов се очекува во Дикли и во пристаништето во Чешме да пристигнат уште неколку бродови со мигранти од Грција.

Согласно делот од Договорот ЕУ-Турција за реадмисија, што официјално стапи во сила денеска, во текот на денот од грчките острови Лезбос и Хиос во Турција треба да бидат депортирани најмалку 202 мигранти.

Утрово стотици илегални мигранти со автобуси беа пренесени од бегалските кампови до пристаништата во Лезбос и Хиос, во придружба од полицајци на Агенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ (Фронтекс).

– Сите мигранти се од Пакистан, освен двајца, кои се од Сирија и кои се враќаат доброволно, изјави портпаролот на Комитетот на грчката Влада за коодинација на бегалската криза, Јоргос Кирицис.

Тој најави дека од Лезбос денеска ќе бидат депортирани 136 мигранти, а од Хиос уште 66.

Во меѓу време на турска територија во близина на Маниса, се работи на изградба на камп за сместување на депортираните мигранти од Грција. Се предвидува кампот да има капацитет за прием на 5.000 лица.

Договорот за надминување на бегалската криза, ЕУ и Турција го потпишаа на 18 март во Брисел и со него се предвидува Грција да има право да ги врати назад сите илегални имигранти што ќе пристигнат на нејзините осттови од турска територија по 20 март.

За возврат Брисел се обврза за секој вратен илегален имигрант да прифати по еден сириски бегалец од Турција, а покрај тоа и вети на Анкара и дополнителна помош за сместување на бегалците, укинување на визниот режим за патување на турските граѓани во земјите на Унијата и забрзување на преговорите за членство на државата во ЕУ.

Со склучувањето на договорот официјално беше затворена балканската бегалска рута, со што во Грција останаа заглавени над 52.000 бегалци и мигранти, од кој околу 5.600 пристигнаа од Турција по 20 март.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица