Градежен работник вчера почина по пад од куќа при изведување градежни работи во селото Дебреште, Прилепско.
Шеесет и осумгодишниот В.Н. од Македонски Брод од падот со здобиени тешки телесни повреди бил пренесен во Медицинскиот центар-Прилеп каде во 15 и 20 часот им подлегнал на повредите.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Прилеп.