Кошаркарите на Работнички постигнаа нова победа откако вечерва во првиот дуел од 23. коло од Првата лига го победија гевгелиски Бест по продолжение со 90:88.
Во регулраниот дел натпреварот заврши 82:82, а повеќекратниот првак во дополнителните пет минути беше подобар со 8:6. Последнопласираниот Бест испушти шанса да ја „запише“ првата победа.
Работнички на овој дуел настапи без Ѓорѓи Чековски.
Најефикасни на натпреварот беа Димитар Мираковски кај Работнички и Дејан Лазаревски и двајцата постигнаа по 28 поени.
Утре се играат другите три натпревари од ова коло: Карпош Соколи – Кожув (почеток 17 часот, сала СРЦ „Кале“), Струмица – МЗТ Скопје Аеродром (почеток 18 часот) и Фени Индустри – Куманово (почеток 18 часот).
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 42 бода, Карпош Соколи 38, Куманово 37, Фени Индустри 36, Работнички 33, Кожув 32, Струмица 26, Бест 23.