Креативни маски, многу насмевки и позитивна енергија го разубавија Скопје

Од:

Популарни супер херои, принцези, филмски јунаци, кловнови, готвачи, балерини, космонаути, фудбалери, чудовишта и уште стотици други маски продефилираа ова претпладне на најголемиот градски маскенбал во Скопје.

Голем број на деца од основните училишта и градинките денеска од 10:00 часот го разубавија, развеселија и го обоија Skopje City Mall, каде за Денот на шегата, 1-ви април се планирана целодневна забава, а за најкреативните маски, позитивни и негативни ликови, рачно изработени маски, најмлад учесник и најдобрата групна маска се обезбедени и награди од Просветно Дело и Синеплекс.

Забавата продолжува од 18:00 часот со настап на Ребис, Оринџ кидс клуб, Лајф витал и Прима Данц, а за од 19:30 часот е најавен настапот за кој се крена најголема „прашина“ и го привлече вниманието на јавноста. Станува збор за концертот на трите распеаните македонки Мартија Станојковиќ, Антониа Гиговска и Елена Бимбиловска, кои блескаат на сцената на „Пинк ѕвездички“. По нив свое шоу ќе има Ања Ветерова, а до 22:00 најавени се неколку градски DJ-и. За време на целиот забавен дел ќе кружи фото-патрола која ќе ги овековечи најиновативните, најинтересните и најкреативните маски, кои потоа ќе бидат наградени од Галерија со дигитален апарат, таблет и компјутерска игра.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза