Груевски: Оставките на претставниците на ДУИ се внатрепартиска одлука

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оставките на претставниците на извршната власт на ДУИ ги оцени како внатрепартиска работа.

– Немам некој посебен коментар. Се работ за внатрешна партиска одлука. Тоа е нивна одлука и јас не би ја коментирал, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструиран објект кој ќе биде ставен на располагање на Државниот Архив на Република Mакедонија и Министерството за внатрешни работи во Куманово сместен во реновираниот објект на поранешниот Дом на армијата.

На прашањето дали сега ќе следи создавање нова влада, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека следуваат избори и оти граѓаните се тие кои ќе оценат која и каква влада треба да се состави во иднина.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”