Поднесено обвинение против две лица во случајот „Фабрика“

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица за повеќе кривични дела, меѓу кои и за фалсификување исправа.
– Со поднесениот обвинителен предлог обвинетиот З.Б. се товари дека сторил кривично дело Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395, ст.1 вв со чл.22,  кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 вв со чл.45, кривично дело Злоупотреба на лични податоци од член 149 ст.1 вв со чл.22, две кривични дела Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1 вв со чл.22, три кривични дела Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1 сите од Кривичниот законик, додека пак обвинетиот И.Б. се товари дека сторил кривично дело Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 ст.1 вв со чл.22, кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 вв со чл.45, кривично дело Злоупотреба на лични податоци од член 149 ст.1 вв со чл.22 , кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1 и две кривични дела Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 сите од Кривичниот законик, соопшти денеска Јавното обвинителство.
Обвинението, како што информираат од ОЈО Скопје е поднесено по сеопфатно спроведените истражни дејствија во предкривичната постапка кои од самиот почеток на пријавувањето на настанот поврзан со изработка на фалсификувани лични карти, биле координирани и раководени од надлежни јавни обвинители.
Во постапувањето била прибавена обемна материјална документација, спроведени претреси, направени вештачења, споредбени анализи и биле испитани голем број на сведоци, велат од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза