Во Велес поднесени 7.500 барања за легализација дивоградби

Од:

Над 7500 барања за легализација дивоградби се доставени до Општина Велес. Крајниот рок за поднесување беше до вчера, а се однесува на објекти изградени март 2011 година. 
 
Како што информира за медиумите градоначалникот Славчо Чадиев,  досега се легализирани 3700 дивоградби.
 
Поради истекот на рокот вчеравечер Граѓанскиот Сервис Центар работеше до 22 часот и оттаму информираат  дека имало голем број граѓани кои во последен момент поднеле барање за легализација на своите дивоградби.
 
Градоначалникот Славчо Чадиев преку медиумите апелира до граѓаните, а  кои се уште немаат поднесено елаборат, а  кој е неопходен документ  за легализација тоа да го сторат што поскоро бидејќи рокот за поднесување на овој документ  истекува до крајот на годинава.
 
– Сакам да апелирам до нашите сограѓани да ги донесат нивните елаборати, затоа што без тој документ не може да се заврши предметот, односно да се изврши легализација на бесправно изградените куќи. Ние во неколку случаи досега апелираме но и понатаму има дел од граѓаните кои не се многу ажурни, потенцира Чадиев.
 
Чадиев потсети дека граѓаните кои се корисници на социјална помош имаат право на бесплатен елаборат, кои го изведуваат стручни екипи од Агенцијата за Катастар на недвижности.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ