Зачестените слики од многуте акциони филмови, каде што крадци со преспојување жици под воланот крадат автомобил се чини дека полека ќе стане минато. Не затоа што режисерите и продуцентите не се согласуваат со појавата на криминалот во нивните филмови, туку затоа што времињата се менуваат. Овој врста на криминал, познат како “кражба со насилно стартување” е децениски симбол за кражба на автомобили.
Истражувањето на една британски осигурителна компанија “LV” покажало дека само еден од педесет украдени автомобили е отуѓен на овој начини. До пред пет години, пак, на тој начин се извршени една петтина од вкупниот број на кражби на автомобили.
Истото истражување покажало дека кражбата на клучеви, а подоцна и на возилото, во моментот е најчестиот метод на кражба. Податоците покажуваат дека две третини од кражбите од вкупно 150.000, колку што ги има во Велика Британија секоја година, се извршени на овој начин. Интересно е дека дури во 40% од случаите, клучевите од колата се украдени од куќата на сопственикот.
Тоа се одразило и во намалување на времето потребно да се украде возилото, од поранешните 60, на сега просечно 10 секунди, што доведува до заклучок дека со инсталирање на современите системи за заштита во автомобилите крадците се преориентирале од класично насилно влегување во возилото, во обична кражба на клучеви.