Црвена Звезда поразена дома од Дарушафака во кошаркарската Евролига

Од:

Кошаркарите на Црвена ѕвезда по синоќешниот пораз од Дарушафака на домашен терен испуштија шанса да обезбедат пласман во четвртфиналето од Евролигата.

Тие подлегнаа на притисокот дека мора да победат, а тоа го искористи гостинскиот тим. Сепак за „црвено-белите“ остануваат уште шанси за пласман во четвртфиналето пред се ако конкурентот Анадолу Ефес загуби вечерва од лидерот на групата Фенербахче.

На досега одиграните натпревари од 13. коло постигнати се следниве резултати.

Е група: Локомотив Кубан – Уникаха 80:61, Црвена Звезда – Дарушафака 61:80. Вечерва играат:  Фенербахче – Ефес Пилсен и Панатинаикос – Цедевита.

Табела Е група: Фенербахче 10-2 (победи-порази), Локомотив Кубан 9-4, Панатинаикос 8-4, Црвена Звезда 7-6,  Анадолу Ефес 6-6, Дарушафака 4-9, Цедевита 3-9, Уникаха 3-10.

Ф група: Химки – Олимпијакос 98:66, и Барселона – Бамберг 75:57. Вечерва играат: ЦСКА Москва – Жалгирис и Лаборал – Реал Мадрид.

Табела Ф група: ЦСКА Москва 8-4, Лаборал 8-4, Барселона 7-6, Химки 7-6, Реал Мадрид 6-6, Бамберг 6-7, Олимпијакос 6-7, Жалгирис 2-10.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска