Бил Клинтон: „Брегзит“ може да му наштети на мировниот процес во Северна Ирска Бил Клинтон: „Брегзит“ може да му наштети на мировниот процес во Северна Ирска

Од:

 Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се заложи Велика Британија да остане членка на ЕУ, предупредувајќи дека евентуален „Брегзит“, односно напуштање на земјата на Унијата, може сериозно да му наштети на миовниот процес во Северна Ирска.

Клинтон, кој како претседател на САД, беше активно вклучен во напорите за постигнувањето на мировниот договор од Стормонт во април 1998 година, изрази сериозна загриженост за ефектите од евентуалното британско напуштање на Унијата, врз процесите во Северна Ирска.

– Премногу е лесно да се верува дека единственото решение за проблемите на ЕУ е да се замине од Унијата, изјави Клинтон.

Според поранешниот американски претседател, Велика Британија треба да остане дел од ЕУ за да се изнајдат начини како „да се оди напред“, но и за да не се дозволи можно нарушување на северноирската политичка сцена.

Клинтон зборуваше на церемонијата на која му беше доделена награда за неговиот придонес во помирувањето во Северна Ирска, по повод стогодишнинната од Велгденското востание во Даблин против британската управа во Ирска, на Велигден во 1916 година.

Изјавата на Клинтон доаѓа непосредно по оценките на ирскиот премиер Енда Кени дека ЕУ имала огромен удел во создавањето на условите за постигнување напредок во северноирскиот мировен процес и за создавањето доверба преку „градење мостови меѓу народите“.

Тој му порача на Лондон дека излегувањето на Велика Британија од Унијата би можело да ги врати назад „сивите години“ на непријателства и судири во Северна Ирска.
Кени смета дека „Брегзит“ не е ниту во економски интерс на Ирска.

Во текот на триесетгодишните судири унионистите-протестанти и на републиканците-католици во Северна Ирска, загинаа или беа ранети десетици илјади цивили, припадници на локалните паравоени групи и војници на британската армија, која се обидуваше да ги раздвои завојуваните страни.

Мировниот процес започна со спогодбата од 1998 година, а се заокружи со договорот на двете главни северноирски партии, Демократската униионистичка партија (ДУП) и Шин Феин, за создавање заедничка влада.

За претстојниот референдум за ЕУ, двете партиии се на спротивните страни. ДУП заговара излегување на Велика Британија од ЕУ, додека Шин Феин е за останување на земјата во Унијата.

Заменикот прв министер на покраинската Влада, Мартин Мекгинис, кој е од редовите на Шин Феин, неодамна изјави дека доколку Британците гласаат за излез на земјата од ЕУ, во Северна Ирска би можел да се одржи референдум за обединување на покраината со Република Ирска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска