Најмалку четири лица загинаа во Чешка каде едно возило излета од патеката и влета во публиката на релито во Ухерски Брод. Помеѓу загинатите на аматерското рели на југоистокот на земјата е и едно дете.
Според очевидците еден од автомобилите излетал од патеката удрил во дрво и самиот удар го отфрлил во публиката. Ова е втора несреќа во овој чешки регион во последните два месеци. Претходно на релито во Злин загина еден гледач.
На видеото се инциденти во минатото од истото рели.