Галеријата ОСТЕН денеска ќе промовира три графички мапи во рамки на проектот „70 графички мапи за 70 години ОСТЕН“ започнат минатата година со цел создавање на библиотека на графички мапи „Светско културно наследство“.
Промоцијата ќе биде проследена со изложба на дела од Александар Јанкуловски – Цане од колекцијата на ОСТЕН.
Во соработка со авторот Јанкуловски – Цане, ОСТЕН продуцира три графички мапи секоја во тираж од четири примероци. Графиките кои ги сочинуваат мапите се направени од дела, цртежи на хартија кои авторот ги создал во периодот од 1980 до 2000 година.