Зголемен е бројот на говеда, свињи и кози, а намален на овци и живина, соопшти Државниот завод за статистика.
Лани во споредба со 2014 година, вкупниот број на говеда е зголемен за 4,9 отсто, кај индивидуалните земјоделски стопанства за 4,8, а кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) за седум проценти.
Бројот на свињите кај деловните субјекти е зголемен за 52,9 отсто, додека кај индивидуалните земјоделски стопанства е за 7,6. Бројот на козите, пак, кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 8,1 процент, а кај деловните субјекти за 18,1.
Намалување на бројот на овци е забележано во двата сектора – кај индивидуалните земјоделски стопанства за 0,7 отсто, а кај деловните субјекти за 5,8.
Бројот на живината во 2015 година во споредба со 2014-та е намален за 9,2 отсто.