Кожув остана без финале во БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Кожув од Гевгелија по вечерашниот пораз од Морнар во Бар во реванш полуфиналето од БИБЛ лигата останаа без финале во ова натпреварување. Морнар успеа да ја анулира предноста на гевгеличани од 15 поени од првиот натпревар (86:71) и во реваншот вечерва победи со 81:56.

Резултат по четвртини: 24:18; 23:13; 19:19 и 15:6.

Кожув предноста од првиот дуел ја испушти по првиот дел кога Морнар водеше и 16 поени (47:31). Кошаркарите на македонскиот тим равноправни беа само во третиот период, додека во последната четвртина постигнаа само шест поени.

Најефикасни кај победникот беа: Лемонт Џонс со 22 поена и Марко Мугоша со 19, додека кај Кожув најпрецизен беше Брендон Пен со 18 поени.

Во второто полуфинале утре играат Сигал Приштина – Берое, а предност по првиот дуел има Приштина која победи на гости со 89:75.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос