Неколку стотици Чеси денеска протестираа во Прага, поради зближувањето на земјата со Кина, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.
Протестите, кои ги организираа приврзаници на независноста на Тибет и претставници на виетнамската заедница во земјата, почнаа уште вчера, на првиот ден од официјалната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг.
Демонстрантите носеа антикомунистички пароли и фотографии на поранешниот претседател Вацлав Хавел и тибетскиот духовен водач Далај Лама.
Слично како и вчера, протести одржаа и симпатизери на кинеските политичари со огромни кинески знамиња.
Кинескиот претседател и неговиот домаќин Милош Земан денеска потпишаа Договор за стратешка соработка меѓу Чешка и Кина, додека членови на чешката Влада со кинеските колеги потпишаа Меморандум за соработка во областа на индустријата, сообраќајот, здравството и образованието, како и повеќе предлози за билатерална соработка.
Според Земан, кинеските инвестиции во земјата само годинава изнесуваат речиси четири милијарди евра.