Одговор за заканите на Аневски-СЈО одлучува за кој предмет е надлежен

Од:

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, најави дека ќе ги преземе случаите „Шпион“, „Маѓар Телеком“ и „Верушевски“, но препрека е Советот на обвинители, чиј претседател, Петар Аневски, вчера рече дека специјалната обвинителка треба први да дојде во Советот и за секој од овие случаи да образложи од каде ја црпи надлежноста.

– Јавната обвинителка е повикана на седницата на Советот за да се произнесе и за да ги направи веројатни околностите врз основа на кои ја темели својата надлежност во предметите што се побарани од нејзина страна. Ќе треба да даде релевантни податоци од каде го црпи нејзиното барање за воспоставување стварна надлежност и заради кои околности тврди дека тие предмети се поврзани и произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, рече претседателот на Советот, Петар Аневски.

Но, Специјалното јавно обвинителство досега нема добиено никакво писмено известување од Советот на обвинители.

– Кога ќе добиеме писмено известување, тогаш ќе може и да се произнесеме за ова и ќе можеме да одговориме и на негативната оцена, вели обвинителката Ленче Ристоска за А1 он.
За надлежноста врз побараните предмети, ставот на СЈО е дека законот е јасен. Специјалното обвинителство има надлежност за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

– Ние ги имаме незаконски прислушуваните материјали и имаме увид во нивната содржина, така што нелогично е друг да цени дали имаме надлежност или не во таа насока. Веруваме дека ќе се најде начин да ги надминеме недоразбињата со Советот на јавни обвинители. Во рамките на нашите законски можности ние стоиме на располагање доколку Светот е заинтересиран да нè контактира, но немаме никакво писмено известување, вели Ристоска.

На вчерашната прес конференција обвинителката Јанева, го спомна мислењето на Венецијанската комисија. Од СЈО објаснуваат дека немаат овластување да ги објават прислушуваните разговори, за да се види дали се надлежни за одредени случаи. Сите материјали од следењето на комуникациите, спаѓаат во категоријата на класифицирани информации.

– Немаме податок дали Советот на обвинители има сертификат за постапување со класифицирани информации, за да би пристапиле кон такво објаснување, вели Ристоска.

Седницата на Советот на овинители е закажана за утре и досега нема најави дека на него ќе присустува Јанева. Аневски во изјава за медиумите, пак рече дека ако таа не дојде да ја објасни надлежноста, предметите „Маѓар Телеком“ „Шпион“ и „Верушевски“ нема да и бидат дадени.

А.Б.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски