ВМРО-ДПМНЕ: Јанева настапува со политички конструкции

Од:

Катица Јанева повторно настапи со политички конструкции кои содржат се освен почитување на правото и претставуваат директен доказ на очајот во кој што се наоѓа Зоран Заев и СДСМ.

Ова го порача ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната  прес-конференција на Катица Јанева во Специјалното јавно обвинителство.

– Денешниот политички настап на Јанева е најдобра потврда дека СДСМ немаат никаква предизборна програма и никакви проекти кои би ги понудиле на граѓаните, така што единствениот излез го бараат во обидот преку Катица Јанева да оцрнуваат луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку конструкции, лаги и манипулации, се нагласува во реакцијата.

Сосема е очекувано, се додава,  дека СДСМ и во иднина ќе продолжи да нуди  деструкција, манипулации и продуцирање на кризи, за разлика од ВМРО ДПМНЕ кое продолжува со одговорно и отчетно работење.

Би можело да ве интересира

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?