ВИДЕО: Предлогот на Ван Хауте за медиумите доставен до Собранието

Од:

Петте новинарски и медиумски организации, ЗНМ,ССНМ,СЕМ,МИМ и ИКЦ го доставија во Собранието предлогот на европскиот медијатор Питер Ван Хауте за итна измена и дополнување на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, вели дека предлогот го поднесуваат до сите пратеници на Собранието на РМ со цел да продолжи дебатата за медиумските реформи откако пропаднаа разговорите меѓу потписниците на договорот од Пржино.

-Очекуваме за иницијативата да се разговара темелно и транспарентно со вклученост на сите медиумски организации за да дојдеме до најдоброто можно решение, рече Селмани.

Тој нагласи дека петте организации остануваат посветени на усвојувањето на медиумските реформи кои не подразбираат само законски измени, туку и нивна ефективна имплементација.

-Очекуваме поддршка од сите пратеници, а Претседателот на Собранието итно да закаже седница на која ќе се расправа за ова прашање.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието