Во турската амбасада во Скопје одбележана годишнината од смртта на Кемал Ататурк

Од:

Во турската Амбасада во Скопје денеска е одбележана 74-годишнината од смртта на основачот на Република Турција Кемал Ататаурк.

Точно во 9 часот и 5 минути, кога пред 74 години почина Ататурк, со интонирање на националната химна, спуштање на знамето на половина копје и со едноминутно молчење, му беше одадена почест на основачот на модерна Турција.

Амбасадорот на Туција во Македонија Гурол Сокменсуер одржа пригоден говор за улогата на Ататаурк.

Годишнината од смртта на Кемал Ататурк се одбележува и во Битола, градот каде што го стeкнал средното воено образование.

Би можело да ве интересира

Брисел и Атина против турско-либискиот договор

ВИДЕО: Илјадници Турци протестираа во Истанбул поради затворање медиуми блиски до опозицијата

Судот ја поништи дипломата на Имамоглу, сериозен удар за неговите претседателски амбиции

Ататурк останува најпопуларен меѓу Турците

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица војници загинаа при пад на воен хеликоптер во Турција

А1он

Ердоган соопшти нови податоци по страшната експлозија во Турција – 16 лица ги загубија животите

А1он