Добила отказ затоа што на Фејсбук го навредила Обама

Од:

Денис Хелмс (22) од Калифорнија добила отказ бидејќи на Фејсбук го нарекла Барак Обама „црнчиште“ и напишала дека се надева како за време на вториот мандат некој ќе го убие.

Во интервју за локалната телевизија во Сакраменто таа повторила дека би се радувала ако некој изврши атентат над Обама, по што завршила под истрага на тајните служби.

Хелмс коментарот на Фејсбук го оставила кратко по прогласувањето на изборната победа на Обама на претседателските избори. На локалните медиуми не им требало многу за да го воочат расистичкиот испад, по што девојката добила и отказ од работа.

Директорот на продавницата во која таа работела веднаш и рекол дека веќе не мора да доаѓа на работа. Нејзините коментари на Фејсбук тој ги окарактеризирал како „гадни“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Денес е ден на ослободувањето во Америка

Горан Наумовски

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран