Чешката полиција денеска на демонстрациите против исламизацијата, кои се одржаа во Прага, го уапси претседателот на радикалната организација Национална демократија Адам Бартош, заради повикување на „највисока казна на политичарите за нивниот став кон имигрантите“, јави дописникот на МИА.
По апсењето на Бартош, се случија неколку судири меѓу полицијата и демонстрантите.
На главниот Вацлавски плоштад во чешката метропола се собраа неколку стотици демонстранти кои се разотидоа пред 15:00 часот.