Експлозивна направа, рачно изработена експлодира синоќа пред влезот во американската дипломатска мисија во Бенгази. Се претпоставува дека припадниците на Ал Каеда имале намера да се се одмаздат.
„Можно е нападот да е одмазда за убиството на вториот човек во хиерархијата на Ал Каеда, Абу Јахија ал Либи загина во американскиот напад со беспилотно летало. Нема жртви од експлозијата“, соопшти претставник од Амабсадата на САД.
Само неколку часа пред експлозијата, Вашингтон потврди дека Либиецот Абу Јахија ал Либи, еден од високите раководители во Ал Каеда е убиен во напад во Пакистан.