Два натпревара од 22. коло од Првата кошаркарска лига

Од:

Со двата натпревара што се играа вечерва ќе стартува 22.коло од Првата лига во кошарка. Во терминот од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ првакот МЗТ Скопје ја пречекува екипата на Бест од Гевгелија, додека во треминот од 19:30 часот во Гевгелија Кожув е домаќин на Фени Индустри. Дуелот на овие две екипи всушност е и дербито на колото.

Утре се играат другите два натпревара од оваа рунда. Во Струмица истоимената екипа е домаќин на второпласираниот Карпош Соколи, додека кај Куманово ќе гостува повеќекратниот шампион на Македонија Работнички.

Табела: МЗТ Скопје Аеродорм 19-2 (победи-порази), Карпош Соколи 15-6, Куманово н14-7, Фени Индустри 13-8, Кожув 10-11, Работнички 9-12, Струмица 4-17, Бест 0-21.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос