Спасовски: Се следат настаните и лицата повратници од Сирија

Од:

МВР, Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенцијата за разузнавање и другите надлежни органи ги следат сите лица повратници од боиштата на Истокот и настаните, се со цел да превенираме каков било настан кој може да ја загрози безбедноста на граѓаните на РМ, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов дека во земјава има 72 повратници.

Прашан дали се следи ситуцијата со нив и каква е безбедносната состојба во Република Македонија, Спасовски нагласи дека за ова прашање се разговара веќе подолго време.

– Веднаш по нападите во Франција се подигна нивото на безбедност и тоа се уште трае. Ние имаме повратници кои биле во Сирија и се наоѓаат на територијата на РМ, а знаете дека се спроведуваше и оперативната акција „Ќелија“ во која има уапсени лица за кои има докази дека се можни сторители на одредедени криминални дејствија, терористички напади, изјави министерот Спасовски, кој денеска присуствуваше на претставување на системот за присилно запирање „Стингер“, во Центарот за обука во Идризово.

Во врска со екстрадицијата на поранешниот директор на Царинската урпава Драган Даравелски, Спасовски појасни дека екстрадицијата се прави врз основа на барање од страна од Интерпол односно преку Министерството за правда до Србија.

– Вчера бевме известени дека барањето е прифатено, има решение и Даравелски ќе биде екстрадиран. Подоцна дојде информацијата дека српското Министерство за правда го повлекло решението за екстрадиција, појасни Спасовски.

На новинарско прашање до каде е со случајот за личните карти, министерот Спасовски посочи  дека Специјалното јавно обвинителство ја отвори истрагата „Титаник“ и во рамки на таа истрага, подвлече, се спроведуваат сите можни активности.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он