А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во стан на гостиварец најдени над еден килограм марихуана

by А1он25/03/2016 - 11:4966
Share0

При претрес на стан во Гостивар полицијата пронашла две пакувања во кои имало околу 1,3 килограми марихуана, информираат од СВР Тетово.

Следете a1on на Instagram Instagram

Претресот со судски налог бил извршен вчера во станот на Р.М. (57) лоциран на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, а со претресот бил опфатен и неговиот автомобил „Опел зафира“.

– Во една од просториите на станот пронајдени се 1.378 грама марихуана, која била ставена во две пакувања од сок и едно од леден чај. Пронајдената марихуана со која биле наполнети трите пакувања е одземена за вештачење, додека Р.М, во консултација и координација со јавен обвинител, приведен е и задржан во Полициската станица Гостивар, изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Нешто подоцна, исто така, со судска наредба извршен е претрес и во станот на 25-годишниот гостиварец А.Р, на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар.

Следете a1on на Youtube YouTube

Под креветот во собата во која спиел пронајдени се две најлонски кесички со марихуана и една во неговата јакна. Тој е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар, а пронајдената марихуана е одземена за вештачење.

Двајцата гостиварци, во текот на денот со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

mvr

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Катерина Ѓуровски22/10/2026 - 10:07

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он19/10/2026 - 20:56

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Горан Наумовски18/10/2026 - 13:33

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 13:4416/10/2026 - 16:27

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 12:40

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он15/10/2026 - 15:5315/10/2026 - 16:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео