Бамберг конечно ја совлада ЦСКА Москва во кошаркарската Евролига

Од:

Во кошаркарската Евролига во ТОП 16 фазата синоќа се одиграа три натпревари, а изненадување за своите навивачи направи Бамберг со победата над фаворитот во групата ЦСКА Москва.

Ова е прва победа за германскиот тим во меѓусебните дуели со шампионот на Русија по претходните единаесет порази. Николо Мели со 17 поени беше најефикасен кај Бамберг, додека Никос Зизис и Леон Радошевиќ постигнаа по 14. За ЦСКА Москва е важно што веќе има обезбедено пласман во четвртфиналето.

Тоа вчера успеа да го направи и Локомотов Кубан по триумфот над Црвена Звезда, а важна победа постигна и Панатинаикос на гостувањето кај Дарушафака.

Резултати и двојки од 12.коло од ТОП 16 фазата.

Е група: Локомотив Кубан – Црвена Звезда 86:62, Дарушафака – Панатинаикос 84:86. Цедевита – Фенербахче и Анадолу Ефес – Малага играат вечерва.

Табела Е група: Фенербахче 10-1 (победи-порази), Локомотив Кубан 8-4, Панатинаикос 8-4, Црвена Звезда 7-5, Анадолу Ефес 5-6, Малага 3-8, Дарушафака 3-9, Цедевита 2-9.

Ф група: Лаборал – Барселона 75:71, Бамберг – ЦСКА 91:83. Жалгирис – Химки и Олимпијакос – Реал Мадрид играат вечерва.

Табела Ф група: ЦСКА Москва 8-4, Лаборал 8-4, Реал Мадрид 6-5,Барселона 6-6, Бамберг 6-6, Химки 5-6, Олимпијакос 5-6, Жалгирис 2-9.

Пласман во четвртфиналето досега имаат обезбедено: Фенербахче, Локомотив Кубан (Е група) и ЦСКА Москва (Ф група).

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска