(ВИДЕО) Сугарески: Нема да присуствуваме на циркусот во режија на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Пратениците од опозицијата нема да присуствуваат на циркусот во режија на ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеникот на СДСМ, Горан Сугарески. Тој кажа дека согласно Деловникот, Специјалната јавна обвинителка не мора да се појави во Собранието, доволно е само извештајот да го достави до Собранието,а тоа го пишува во членовите за кои патениците од власта велат дека ја обврзуваат Катица Јанева лично да го образложи извештајот, всушност.

– ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува колку се плаши од соочување со одговорноста за целокупниот криминал во изминатите 10 години. Секојдневниот театар на ВМРО-ДПМНЕ со тоа што не започнува дебата по Извештајот на СЈО, го потврдува хаосот во оваа партија.Закажување на седници кои Ѓорчев нема намера да ги отпочне значат само трошење буџетски пари за да се покрие стравот на ВМРО-ДПМНЕ, вели Сугарески.

Тој вели дека пратениците од опозицијата, кои имаат многу што да кажат со задоволство ќе учествуваат на седницата, но штом Ѓорчев реши да ја отвори.

– Извештајот на Зврлевски, кој патем речено го избира ова Собрание, веќе 9 месеци не е ставен на дневен ред. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ сака да го прикрие незаконското работење на Зврлевски и да не се расправа за неговото непостапување по криминалите на власта. Што беше и една од причините за формирање на независната институција Специјално јавно обвинителство, вели Сугарески.

Пратениците од власта, кои учествуваа на седницата не го искоментираа непојавувањето на опозициските пратеници, туку само ја презакажаа седницата, но не дадоа конкретен датум кога таа ќе се одржи.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага