Потписниците на „Повелбата за солидарност“ се придружија на штрајкот на судската администрација

Од:

Потписниците на „Повелбата за солидарност“ го поддржуваат штрајкот на вработените во судската администрација, кој го организираа Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, УПОЗ и Здружението на судска администрација.

Потписници на „Повелбата за солидарност“ се Самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Конфедерацијата на синдикални организации КСОМ, левичарското движење „Солидарност“, Мултиетничкиот синдикат на образование МЕСО, Синдикатот на културните работници на Р. Македонија и Левица.

„Со тридневниот штрајк, кој започа денеска, вработените го искажуваат своето незадоволство од донесениот Закон за судска служба, кој содржи норми што се неприменливи во практика, поради што Синдикатот на УПОЗ подолг период предлагаа, преговараа и бараа од надлежните да внесат измени во законскиот текст, но сите преговори, за жал, завршија безуспешно поради што се донесе одлуката за придружување кон штрајкот. Потписниците на „Повелбата за солидарност“ го поддржува штрајкот на вработените во судската администрација, кои се револтирани од игнорантскиот однос на надлежните институции спрема нивните барања. Во рамки на солидарната поддршка, членовите на „Повелбата“ ќе се приклучат на штрајкот во петокот кога ќе се протестира пред Министерството за правда, Министерството за информатичко општество и администрација и пред Владата“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски