(ВИДЕО) Димовски: Јанева вчера практично кажа дека Македонија не постои

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја осудува вчерашната изјава на Катица Јанева. Според нејзиниот говор, таа практично кажа дека Македонија не постои, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Според него, таа направила огромна грешка и ја навредила целата македонска јавност и мора да се извини.

Димовски вели дека нејзината изјава била политички говор како некоја од опозициските партии. Тој се надева дека таа лично ќе го образложи извештајот, иако Јанева кажа дека нема да се појави во според неа нелегитимното Собрание.

Според него, со говорот Јанева го руши суверенитетот на Република Македонија, но тие не можат да ја сменат Јанева иако таа работи сомнително.

– Пратениците зад мене учествувале во формирањето на СЈО, нема дилема дали е или не е легитимна, вели Димовски.

Според него, таа треба да дојде во Собрание и да даде одговори на прашањата кои досега ги избегнувала.

Иако Јанева нема обврска лично да го презентира извештајот, Димовски се обиде да ги изврти членовите од Уставот и деловникот, со цел да го оправда одложувањето на седницата за извештајот на СЈО.

Тој замоли толкувањата на Уставот од страна на СЈО, иако и самиот неточно го протолкува истиот.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?