(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Каде завршија парите на граѓаните на општина Прилеп?

Од:

„Завршната сметка и Извештајот за работа за 2015 на општина Прилеп, во целост потврдуваат дека градоначалникот Марјан Ристески буквално ја преспал годината, како и целиот трет мандат.

Најголем дел од проектите коишто ги вети градоначалникот, не се реализирани!

Со што се занимавал градоначалникот избран на криминални избори? Советниците на ВМРО-ДПМНЕ немаа храброст да ги бранат празните ветувања на Марјан Ристески, и без ниту една дискусија, слепо и послушно, ги изгласаа овие два документи“, рече Сашо Велески – Претседател на ОО СДСМ Прилеп.

„Претседателот на Совет, Никола Димески, свесен за катастрофалните податоци во завршната сметка и извештајот, панично се бореше да не се снима седницата и да не биде презентирана пред јавноста.

Во 2015 година локалната власт обезбедила 5,5 милиони евра како приходи во општинскиот основен буџет, односно 25% помалкуод предвидените средства.

Ваквиот драматичен пад во приходите, покажува дека Прилеп се наоѓа во комплетен економски колапс.

Нема инвестиции, нема нови работни места, не се градат нови погони и капацитети, нема ниту градежен кран! Стандардот на граѓаните и стопанствениците е драстично опаднат. Затоа, градоначалникот нема од каде да ги собере приходите.

Што се однесува до трошењето на општинските пари и реализацијата на капиталните расходи, од коишто најмногу зависи живеачката на граѓаните, завршната сметка покажува потфрлање од 53%, со што на виделина излегоа лагите за стотиците проекти.

Граѓаните на Прилеп треба да знаат дека над 830.000,00 евра завршиле за субвенционирање и покривање на загубите на дел од ЈК Претпријатија, создадени од недомаќинското работење на директорите.

120.000,00 евра од парите на прилепчани завршуваат на сметка на Домот за стари лица во Прилеп, којашто е дополнително отворена за да се спаси домот од банкрот и да се покрие недмаќинското и потенцијално криминално менаџирање со истиот.

Само во 2015 година, потрошени се 150.000,00 евра од општинските пари на медиумски и продуцентски куќи, на сметки од ресторани, пицерии и хотели. Затоа нема пари за ново училиште и градинка во Прилеп.

За 11 години Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ потрошија вкупно 165 милиони евра народни пари на лажни ветувања и неостварени проекти, a дополнително не  задолжија со милионски кредити.

Нема фабрики, нема гасификација, нема современа депонија, нема булевари, нема затворен градски базен, нема модерен трговски центар, ја нема модерната населба „Градина“, улиците се комплетно руинирани, стадионот „Гоце Делчев“ пропаѓа!

Каде и на што завршија парите на граѓаните на општина Прилеп?

Ќе дознаеме после заминувањето на ДПМНЕ и фамилијата од власт, преку транспарентни ревизорски извештаи и расчистување на криминалот.

Затоа се потребни фер и демократски избори со прочистен избирачки список и слободни медиуми“, изјави Сашо Велески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?