Во Чешка прогласен прв степен на опасност

Од:

Чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец во земјата прогласи прв степен на опасност од тероризам, заради терористичките напади во Брисел денеска, јави дописникот на МИА од Прага.

Иако, министерот изјави дека нема информации дека непосредна опасност и се заканува на Чешка, на вонредната Владина седница која ќе се одржи вечерва, тој ќе предложи од среда на сите важни места да бидат распоредени стотина војници.

– Војниците ќе се вклучат во надгледувачки дејности, како на аеродромите, така и во прашкото метро, како и во близина на стратешките згради, религиските објекти и споменици, додаде Хованец.

Според него, зголемена безбедност ќе биде преземена и на местата кај што ќе има поголема концентрација на луѓе, на спортски и културни акции, а ќе бидат надгчедувани странските амбасади и дипломатски претставништва.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница