Зајакнати безбедносни мерки на германските аеродроми

Од:

Германските власти максимално ги зајакнаа мерките за безбедност на аеродромите во земјата по терористичкиот напад во Брисел, јави дописникот на МИА од Брисел.

Портпарол на федералната полиција изјави дека сите вработени на аеродромите се информирани за зголеменото ниво на безбедност, а на помош се повикани и дополнителен број вработени од безбедносните служби, придружени со кучиња за откривање на експлозиви.

– Со оглед на тоа што постојано се соочуваме со опасни ситуации на аеродромите, добро сме подготвени, изјави претставник на федералната полиција за весникот „Билд“.

Една од мерките за безбедност што е преземена утринава по терористичките напади во Брисел е и пренасочување на летовите на т.н. алтернативни аеродроми како Дизелдроф, каде што денеска биле пренасочени два лета од други дестинации.

Според портпаролите на двата берлиснки аеродроми „Тегел“ и „Шоненфилд“, денеска се откажани сите летови за Брисел на барање на авиокомпаниите.

Летовите за Брисел се откажани и од Хамбург, а до пладне се откажани и пет лета до и од Михнен, по што авиациските власти треба да одлучат за останатите летови кон белгискиот главен град.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија