Кожув во полуфиналето на БИБЛ лигата домаќин на Морнар

Од:

Кошаркарите на Кожув од Гевгелија вечерва го играат првиот полуфинален натпревар од регионалната БИБЛ лига. Во Гевгелија ќе гостува екипата на Морнар од Бар.

За Кожув ова е второ полуфинале во ова натпреварување. Почетокот на дуелот е во 19 часот.

Тимот од Црна Гора беше првопласиран во својата група во втората фаза од натпреварувањето и затоа реваншот ќе го игра на домашен терен.

Двата тима одиграа два дуела во првата фаза од лигата и во двата натпревара победи Морнар. Во Гевгелија беше 79:63, а во Бар 91:87. За разлика од овие два дуели во двата тима има по неколку промени во играчкиот кадар.

Во второто полуфинале утре играат Берое и Сигал Приштина.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос