(ВИДЕО) Дескоска: Поради страв од одговорност ВМРО-ДПМНЕ бега од Извештајот на СЈО

Од:

„Вчерашниот театар на ВМРО-ДПМНЕ со непочнувањето на дебата по Извештајот на СЈО, денеска се претвори во циркус.

Очигледно е дека стравот на ВМРО-ДПМНЕ од работата на СЈО ги принудува да се однесуваат хаотично и дополнително да се заплеткуваат во небулозни ситуации кои значат само дополнително фрлање буџетски пари, пари на граѓаните. Неделовничкото однесување на г. Ѓорчев го чини пари ова Собрание, меѓу другото и за патни трошоци на пратениците кои и вчера и денес дојдоа за седница на комисијата која не ни започна“, рече Дескоска.

„На сите ни јасно дека заради стравот од одговорност за криминалот, ВМРО-ДПМНЕ бега од дебата по Извештајот на г-ѓата Катица Јанева, но и по Извештајот на г. Марко Зврлевски.

Во текот на преговорите за Закон за СЈО, СДСМ бараше СЈО да поднесува извештај на пократок рок, другата преговарачка страна бараше рокот да биде 6 месеци. Тогашната претпоставка беше дека на 15 март Собранието ќе биде распуштено и ВМРО-ДПМНЕ се надеваше дека извештајот на СЈО нема да се најде пред пратениците.

Се надеваа дека Собранието нема да има можност да дебатира за:
– сите опструкции од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во власта со кои се соочува со СЈО
– за несоработката со институциите кои се под контрола на ВМРО-ДПМНЕ со СЈО
– за најавата за први обвиненија во најскор временски период
– за започнатите предистражни постапки против високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ за прислушување, изборни нерегуларности, злоупотреба на постапки по јавни набавки, незаконитости во финансирање на медиуми, даночно затајување, перење пари, незаконитости во постапки кои се однесуваат на градежни работи и друго.

Денеска уште еднаш го повикуваме ВМРО ДПМНЕ да не ја оневозможува дебатата по Извештајот на г-ѓата Катица Јанева доставен до Собранието пред една недела, а воедно и да се стави на дневниот ред Извештајот на г. Марко Зврлевски доставен до ова Собрание пред 9 месеци.

Воедно, го повикуваме г. Ѓорчев да си го препорочита членот 121 од Деловникот и да постапува во согласност со истиот“, изјави Рената Десковска, пратеничка и членка на комисијата за политички систем.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство