На Косово се создадени специјални полициски единици кои ќе бидат одговорни за безбедноста на православните храмови во земјата, изјави косовскиот заменик министер за внатрешни работи Саша Рашиќ
На Косово се создадени специјални полициски единици кои ќе бидат одговорни за безбедноста на православните храмови во земјата, изјави косовскиот заменик министер за внатрешни работи Саша Рашиќ.
Тој потврди дека овие единици се составени од Албанци и Срби, зависно од етничката структура на полициската станица. Косовската полиција, исто така, врши деноноќно обезбедување на 23 од 194 цркви на Косово, а во уште 169 објекти има редовни патроли.
Два православни манастира, кои се под заштита на УНЕСКО – Високи Дечани и Пеќка патријаршија се обезбедувани од меѓународните сили на НАТО на Косово (КФОР).
За време на разговорите во Брисел, премиероте на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи се договорија за формирање специјални полициски единици, кои ќе бидат одговорни за безбедноста на православните храмови. Пред извесно време овие објекти повеќе пати беа напаѓани и осквернавени од косовски Албанци.