ВМРО-ДПМНЕ поддржува секаква одлука на ДИК донесена согласно Уставот и законите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ поддржува секаква одлука на Државната изборна комисија (ДИК) што ќе биде донесена во согласност со Уставот, законите и меѓународните стандарди.

Како што соопшти партијата, бројот на гласачи кој треба да биде дополнително проверен е само изговор на СДСМ за сите свои досегашни и идни изборни порази.

– Постапките на СДСМ се малтретирање на целата држава, а во следниот период и малтретирање на граѓаните. Без разлика дали ДИК ќе одлучи да провери 35.000, 70.000, 100.000, 200.000, 500.000 или сите гласачи, СДСМ ќе ги изгуби следните избори, заради тоа што право на глас во Република Македонија имаат сите нејзини граѓани и тоа не може да им биде одземено, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија останува на ставот дека ќе даде целосна поддршка и за проверка на колку било граѓани или на сите, а ќе ја поддржи и секоја одлука на мнозинството на ДИК во насока на транспарентно и темелно проверување на Избирачкиот список.

– Убедени сме, а тоа и се докажува со секоја постапка на СДСМ, дека СДСМ се заплетка себе си и бега од овој процес затоа што знаат дека списокот е чист, а со оваа бланко поддршка на ВМРО-ДПМНЕ на сите предлози на СДСМ за проверка на списокот и бегството на СДСМ е јасно како бел ден дека се било и е, нивна пропаганда и сценарио со две цели и тоа да ги одложат повторно изборите и ако не успеат во тоа Зоран Заев и раководството на СДСМ и сите други да си имаат алиби да си го правдаат убедливиот пораз што ги чека на изборите, стои во соопштението.

За да не се стекне погрешен впечаток дека има какво било влијание врз одлуките на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ, подвлекува, е подготвена да ги прифати сите можни одлуки што ДИК во поглед на проверката на Избирачкиот список. – Ако е неопходно нашите два члена не мора ниту да присуствуваат или да го користат своето право на глас во комисијата по однос на оваа точка, се додава во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски