ВМРО-ДПМНЕ утре ќе презентира отчет за сработеното во 2006-2016

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ утре во Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го презентира отчет за реализираното во изминатите речиси десет години.

– Овој отчет содржи над 3500 реализирани проекти, мерки и реформи во интерес на граѓаните. Отчетот ќе биде своевиден осврт на работата и делата на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до денес, при што ќе се стави акцент на сработеното во кризниот период од 2014 до 2016, како и поголемите и позначајните проекти од претходниот период, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, да се даде отчет е обврска која со задоволство се извршува зашто, се наведува во известувањето, постојат дела кои се создавани со макотрпна работа.

– Отчетноста за сработеното е еден од основните темели на овој концепт и тоа граѓаните на Република Македонија знаат да го препознаат и наградат. Благодарение на отчетната, транспарентна и одговорна работа во изминатите 10 години, ВМРО-ДПМНЕ успева да ја порази деструктивната политика промовирана од СДСМ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски