Правобранителот изразува загриженост за одлуката на Уставниот суд

Од:

Народниот правобранител во денешната пишана реакција до медиумите изразува загриженост за донесената одлука на Уставниот суд за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување, а особено можноста претседателот да помилува лица кои се гонат или се осудени за кривични дела против половата слобода и половиот морал, сторени спрема деца и малолетни лица.

– Со оваа одлука се доведува во прашање превенцијата и заштитата на слободите и правата на децата, но и се уриваат сите досега направени реформи, вклучувајќи го и регистарот на педофили, а кои имаа за цел востановување и функционирање на сеопфатен систем за ефективна заштита на децата од злоупотреби, се вели во реакцијата од Канцеларијата на народниот правобранител.

Неслучајно, како што се посочува, најдобриот интерес на детето е втемелен и е водечки во сите меѓународни и домашни акти за превенција и заштита на слободите и правата на децата.

Според народниот правобранител, во случаите кога се засегнати правата и интересите на детето, како категорија граѓани кои уживаат посебна заштита, особено поради возраста и неможноста самите да се заштитат во донесувањето на одлуките и при примената на законите, треба да се има предвид и фактот дека сторителите на дела, со кои се злоупотребуваат децата – педофилите, според истражувањата најчесто го повторуваат делото, и затоа кон нив се применуваат построги казни.

Народниот правобранител упатува апел до претседателот на државата, во чија надлежност е помилувањето, со крајна внимателност да пристапи кон ова чувствително прашање, пред се водејќи се од општествениот интерес за почитување на најдобриот интерес на детето, како и превенцијата и заштитата на идните поколенија.

– Народниот правобранител изразува загриженост од донесената Одлука на Уставниот суд, што се однесува и на можноста за помилување на лица сторители на кривични дела против изборите и гласањето. Со оглед на тоа што станува збор за фундаментално право кое треба да се остварува без притисоци, уцени и закани, санкционирањето на делата против изборите трба да оди во правец на јакнење, а не на слабеење на институциите и владеењето на правото, се додава во соопштението.
Според народниот правобранител само со остварување на избирачкото право на еднаков начин на општи, непосредни и слободни избори се добива неспорен и реален легитимитет.

Би можело да ве интересира

Народен правобранител: Најдовме готови документи на граѓани, а МВР нема увид дека се подигнати

Горан Наумовски

Разрешени државните правобранители на подрачјата на Скопје и Струга

Народен правобранител: Да се создадат услови во училиштата за остварување на правата на детето

Наум Локоски

Согласност од Собранието за општите акти на Народниот правобранител

Наум Локоски

Народниот правобранител реагира за попречување на истрагата за приведените во протестите

Емир Латифовиќ

На омбудсманот му е одобрена набавка на ново возило, но без шофер

Емир Латифовиќ