Основното училиште „Лазо Ангеловски“ од денеска до 19-ти март 2016 година ќе биде домаќин на Државниот натпревар во кошарка за машки.
Како што соопшти општина Аеродром, претходно, екипите на ООУ „Лазо Ангеловски“ во кошарка – женски и кошарка – машки на градските првенства се закитиле со две први места.
На Градското првенство кошарка – женски што се одржа во ООУ „Лазо Ангеловски“ ја победија екипата на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, а машката екипа ја совлада екипата на ОУ „Димо Хаџи Димов“ на финалето што се одржа во ОУ „Кузман Шапкарев“.