Шверцерите на мигранти ги менуваат маршрутите за да ги избегнат патролите на НАТО во Егејско Море

Од:

Шверцерите на луѓе и натаму продолжуваат да превезуваат мигранти од Турција за Грција, менувајќи ги маршрутите за да ги избегнат патролите на НАТО, така што приливот на мигранти кон грчките острови воопшто не е прекинат, јави БТА.

Меѓу 20 и 40 чамци се уште секојдневно прават „тури“, внимавајќи да не бидат пресретнати од седумте патролни бродови на НАТО, за ДПА изјави командантот на мисијата Јорг Клајн.

– Кога сме на соодветното место веднаш дејствуваме. Но, шверцерите се многу прилагодливи и ги менуваат маршрутите, изјави тој.

Присуството на НАТО во неколкуте изолирани станици на крајбрежниот појас не е доволно, смета Клајн, кој, исто така, е капетан на бродот „Бон“.

-Ако го отсечеме Лезбос во целост можеме да очекуваме приливот мигранти да се насочи по нов пат, додаде тој, имајќи ги предвид грчките острови што се наоѓаат на помалку од 20 километри од турскиот брег.

Бројот на мигранти кои секој ден доаѓаат на Лезбос и другите острови речиси и да  не е променет од почетокот на операцијата на НАТО во Средоземно Море, минатиот месец, која во моментов е ограничена за момента на морето меѓу Лезбос и Турција.

Според Клајн, операцијата треба што поскоро да биде проширена на другите крајбрежни региони во Егејско Море.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина