Кожув обезбеди полуфинале во БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на „Кожув“ од Гевгелија со вечерашната победа над „Левски“ во Софија обезбедија пласман во полуфиналето од регионалната балканска лига – БИБЛ. Кожув стигна до потребниот триумф – трет во оваа група за освојување на второ место.

Гевгеличани го победија Левски со 82:73 (6:23; 24:13; 32:15; 20:22).

По лошата прва четвртина кога постигнаа само шест поени избраниците на тренерот Марјан Илиевски одиграа многу подобро во продолжението и во следните 30 минути постигнаа 76 поени. Најефикасен беше Брендон Пен од Кожув со 23 поени.

На вториот натпревар од групата, Сигал Приштина победи на гостувањето кај Пеќ со 74:72 по продолжение.

Табела: Сигал Приштина 6-0 (победи-порази), Кожув 3-3, Пеќ 2-4, Левски 1-5.

Во полуфиналето Кожув на 22 март во Гевгелија ја пречекува екипата на Морнар, а реваншот е на 29 март во Бар. Во второто полуфинале ќе играат Сигал Приштина – Берое.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос