МВР со кривична за Стевче Јакимовски бидејќи попречувал протест

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека ќе поднесе кривична пријава против градоначалникот на Општина Карпош и лидер на политичката партија ГРОМ Стевчо Јакимовски и против лицето А.Т. за сторено кривично дело „Спречување или смеќавање јавен собир“.

Кривичната е поради тоа што двајцата, како што наведува МВР, вчера организирале собир на граѓани пред платото на Уставниот суд, со цел да го попречат одржувањето на претходно најавениот мирен протест на платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“, која ден претходно во СВР-Скопје писмено најавила организирање мирен и ненасилен протест и протестен марш во Скопје, кој требало да заврши пред зградата на Уставниот суд.

„На 15.03.2016 второ пријавениот А.Т. со намера да го попречи одржувањето на ненасилниот јавен собир-протест, со писмен допис до СВР-Скопје најавил дека на 15.03.2016 година во 18.00ч ќе организира мирен собир на платото пред Уставниот суд на РМ не наведувајќи во писмениот допис за што се организира самиот собир“, наведува МВР.

Во соопштението се наведува дека просторот, на кој веќе бил пријавен јавен собир, потоа бил насилно узурпиран со поставување тенди и монтирање бина.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари