Членовите на Комисијата за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент денеска се изјаснија за запирање на механизмот на Еврокомисијата за мониторинг на Бугарија и Романија, јави БТА.
Британскиот европратеник Џефри ван Орден од групата на Европски реформисти и конзервативци посочи дека кога овие две земји пристапија кон ЕУ имало основи за воведување на овоја механизам, но дека сега работите се променети.
– На механизмот никогаш не се гледаша како на долгорочен процес. Тогаш бевме оптимисти дека работите брзо ќе се подобрат, изјави Ван Орден, додавајќи дека и некои други земји во ЕУ се соочуваат со слични проблеми како Бугарија и Романија.
Тој нагласи дека во некои од областите кои бела цел на мониторингто во двете земји е видлив напредок.
– Европската комисија треба да процени што го спречува вистинскиот напредок, кој Бугарите навистина го заслужуваат и го очекуваат, изјави Ван Орден.
Претставник на Ееброкомисијата, кој учествувал во изготвувањето на извештаијот, рече дека процесот на мониторинг трае подолго од очекуваното.
– Реално е да се замисли дека ако има акција и енергија, ќе стигнеме до точката која ќе ја задоволи Европската комисја, додаде тој.
Во врска со трошоцита за изработака на овие извештаи, експертот рече дека тимот кој ги пишува „не е голем“, а сумата која ја добиваат „не е огромна“.