До крајот на годината Папата ќе почне да ги споделува своите лични мисли со остатокот од светот преку профилот на Твитер, потврди Ватикан.
Верниците не би требало да очекуваат цели проповеди, туку по неколку зборови од неговите неделни проповеди, а понекогаш и детали од неговиот живот.
Папата Бенедикт XVI својот прв твит го испрати минатата година преку официјалниот канал на Ватикан на Твитер.
Иако пораките ќе пристигаат директно од папата, тој најверојатно нема да одговара на пораките кои ќе му ги испраќаат корисниците.